Прегазена скопјанка со тешки повреди однесена на Клиника

 

Жена со тешки телесни повреди била донесена во болница откако била прегазена во Скопје.

-Вчера во 13:00 часот било пријавено дека на ул.„Ферид Мурати“ во Скопје патничко возило „бмв 320“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот И.Н. од село Бојане, скопско, удрило во 63-годишната Р.Б. од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Р.Б., која била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје, информира МВР.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега