Со автомобил удрил во велосипедистка, жена со тешки повреди пренесена во охридската болница

 

Во Охрид вчера се случило сообраќајна незгода, откако автомобил удрил во велосипедистка, по што со тешки повреди жената била пренесен во болница.

Вчера во 18.00 часот било пријавено дека на улица „Будва“ во Охрид патничко возило „опел“, со охридски регистарски ознаки, управувано од К.П.(22) од Охрид удрило во велосипед управуван од Љ.Н.(60) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Н., по што била пренесена во болницата „Св.Еразмо-Охрид“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега