Запленет еден килограм кокаин во акцијата во Крушопек

Во операцијата која во моментот ја спроведува полицијата во скопско Крушопек запленет е еден килограм кокаин. Се работи за меѓународна акција која МВР ја спроведува со колегите од Италија и Црна Гора.

Акцијата која се спроведува по насока на надлежен јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка ја потврди и техничкиот министер, Наќе Чулев. Тој најави дека Министерството утре ќе излезе со повеќе информации.

Дел од медиумите претходно објавија дека станува збор за 1,3 тони кокаин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега