Трагедија во рудник во Прилеп - почина работник

Несреќа со трагична последица се случила вчера околу 11:15 часот во рудник во Прилеп.

Од МВР информираат дека Д.З.(67) од Прилеп, кој управувал товарно возило „сканија 113“, со велешки регистарски ознаки, при извршување работни задачи во рудникот паднал од камионот.

Тој бил пренесен во Општата болница Прилеп каде од лекар била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега