Млади момчиња шетаат по Скопје со ножеви и боксирачи- две лица приведени

 

Во текот на вчерашниот ден полицијата извршила претрес кај четири лица во Скопје од кои двајца биле малолетници и било пронајдено ладно оружје

Вчера попладне во 13 часот и 10 минути, полициски службеници од СВР Скопје, по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир во автобус на ЈСП бр.57, на ул.„Александар Урдаревски“, кај двајца малолетници на возраст од 16 години од Скопје пронашле електрошок и боксирач.

Неколку часа подоцна пак во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на „Ѓорче Петров“, при извршен преглед кај Е.С.(25) и Н.Н.(25), двајцата од Скопје, биле пронајдени нож и метален пендрек на расклопување.

Тие биле приведени поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје.

По документирање на случаите, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега