Несреќа на патот Кавадарци – село Росоман: Автомобил излета од коловозот

Жена се здобила со тешки повреди откако со автомобил „Мицубиши лансер“ излетала од патот Кавадарци – с.Росоман, кај с.Рибарци.

Несреќата, се случила вчера вечерта околу 21 часот. Со возилото управувала Ж.С.(38) од Кавадарци.

-Во незгодата Ж.С. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега