Во дворот пронашол осум артилериски гранати од Првата светска војна
59-годишен жител на селото Далбеговци вчера пријавил дека во дворното место пронашол стари гранати.
- Бил извршен увид и било констатирано дека станува збор за осум неексплодирани артилериски гранати, калибар 75 мм од Првата светска војна, кои биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, велат од МВР.
20.02.2020 - 18:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа