Русин се обидел да премине кај „Табановце“ со украдено возило- со себе носел и два гасни пиштоли

 

На граничниот премин Табановце Русин со место на живеење во Германија се обидел да ја прмине границата со украден автомобил во кој имало и два гасни пиштоли.

„Вчера во 09 часот и 50 минути на Граничниот премин „Табановце“, при извршена контрола на А.Б.(32) од Русија, со место на живеење во Германија, кој управувал патничко возило „опел“, со германски  национални ознаки, било констатирано дека возилото во базата на податоци во Интерпол било предмет на потрага, односно било пријавено за украдено.

При преглед во возилото биле пронајдени два гасни пиштоли, кои биле одземени“ велат од полиција.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега