ФОТО: Изрешетаното „Ауди“ оставено на улица сведочи за нападот во Железара

Албанските медиуми објавуваат фотографии од возилото кое синоќа беше цел на вооружен напад.

Нападот, се случил околу 20 минути по полноќ, на улицата „Ферид Бајрам“ во скопска Железара, а МВР го потвдри случајот.

-Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека И.А.(29) и С.Р.(35), двајцата од Скопје, биле повредени од огнено оружје и било оштетено патничко возило „Ауди“, сопственост на Е.С.(33) од Скопје, велат од МВР.

Според албанските медиуми во нападот повредени се три лица.

Во текот на денот се очекуваат детали од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега