Прегазен пешак во Куманово- со тешки повреди пренесен во болница

 

Вчера попладне автомобил удрил во пешак по што едно лице било пренесено во кумановската болница со тешки телесни повреди.

Вчера во 17 часот и 45 минути било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Граничен премин Пелинце, во село Старо Нагоричане на место викано „Попчевци“, патничко моторно возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ч.С.(69) од Куманово, удрило во пешакот С.С.(23) од Куманово.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болица Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега