Моторциклист изгубил контрола и паднал на коловозот- велешанец тешко повреден

 

Моторциклист изгубил контрола и паднал на коловозот при што се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болница во Велес.

„Вчера во 15.00 часот било пријавено дека на улица „8-ми Септември“ во Велес, мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од А.К.(67) од Велес изгубил контрола и паднал на коловозот“ велат од МВР.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега