По претрес од страна на полицијата уапсени тројца тинејџери во Тетово

Синоќа околу 22 часот и 15 минути на улица „Страшо Пинџур“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(18) од Тетово затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документиорање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Истиот ден на крстосница на улиците „Киро Ристевски-Дрнц“ и „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници од Тетово.

При нивен и преглед на возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано и во кое тие се наоѓале била пронајдена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега