Словенец уапсен на скопскиот аеродром

Маж од Словенија бил уапсен на скопскиот аеродром, информира МВР.

-Вчера во околу околу 19:00 часот на Граничен премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода 37-годишниот Д.Ѓ. од Словенија затоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Тој бил задржан во Полициското одделение Петровец и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок - соопшти МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега