Притвор за дилер на дрога од Арачиново

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 20 години, поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во својот дом во Арачиново, неовластено заради продажба држел марихуана со нето маса од 1007,8 грама, скриена во плакар во подрумската просторија. Дрогата била пронајдена и одземена при претрес во домот на 23 февруари.

Поради опасност осомничениот да се крие или да се даде во бегство, но и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави Предлог за определување мерка притвор.​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега