Приведени три лица од Арачиново: Украле чанта со пари и мобилен, а при апсење пронајдена е дрога и оружје

 

 

Вчера во 22 часот и 20 минути, полициски службеници ги лишиле од слобода Н.Е.(22) и двајца 17-годишни малолетници, сите од село Арачиново, скопско, затоа што околу 21.40 часот на улица „Трајко Китанчев“ извршиле тешка кражба на Љ.Д.(51) од Скопје и ѝ одзеле чанта во која имало пари, мобилен телефон и лични документи.

По преземени мерки, полициски службеници го пронашле и запреле патничкото возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки во кое биле лицата, а при преглед во возилото биле пронајдени одземените предмети.

Исто така, биле пронајдени прашкаста материја, марихуана, четири куршуми од пиштол, нож и две дрвени палки, а кај Н.Е. биле пронајдени 10.000 денари и два мобилни телефони.

Лицата биле  приведени во Полициската станица Гази Баба, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега