Пожар во стан во Ново Лисиче, пожарникарите ги извлекуваат станарите

Пожарникари од скопската противпожарна бригада извлекуваат луѓе од запален стан во зграда во Ниво Лисиче. Командантот на противпожарната бригада, Владимир Симоновски за „Макфакс“ кусо изјавил дека додека на една страна се гаси пожарот, од соседната соба се извлекува станарка.

„Во соба веднаш до онаа каде што избил пожарот има жена која што оди на дијализа. Сега ја извлекуваме“, рече командантот Симоновски.

Очевидци велат дека пожаникарите извлекле и жена заглавена во лифотот откако избил пожарот.

Запалениот стан е на булеварот „АСНОМ“ број 64 во Ново Лисиче. Станарите велат дека причина за пожарот била плинска боца.

Командантот Симоновски најави изјава за пожарот откако ќе заврши извлекувањето на луѓето и откако ќе биде изгаснат огнот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега