Драма во Велес: Дрвокрадци фрлале од дрвата за да ја сопрат полицијата да ги стигне

 

Вчера околу 15 часот и 30 минути во село Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес забележале патничко возило „застава 101“, кое вршело превоз на огревно дрво.

Полициските службеници дале знак за запирање на возилото, но возилото не застанало. Кога му се доближиле полициските службеници, лицето исфрлило неколку парчиња огревно дрво и ги попречило во натамошното движење, по што побегнало.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега