Петровска: Императив на полицијата ќе биде следењето на изборниот процес

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска денеска во Секторот за внатрешни работи Велес имаше работен состанок со раководството на оваа полициска организациона единица посветен на тековните активности на полицијата, вклучително и во врска со подготовките околу претстојните парламентарни избори.

Петровска, како што соопштуваат од МВР, беше информирана дека актуелната состојба на подрачјето во надлежност на СВР Велес, е задоволителна и стабилна, и дека е евидентен нагорен тренд во справувањето со разните видови кривични дела. Особено во поглед на зголемената ефикасност во расчистувањето на кривичните дела.

-Покрај ова, дополнителниот заменик министер Петровска нагласи дека во наредниот период еден од императивите во секојдневното работење на полицијата ќе биде следењето на изборниот процес од аспект на законските надлежности и обврски на полицијата при што од раководството на СВР Велес доби уверување дека полицијата ќе го вложи својот максимум во обезбедувањето на услови за одржување на мирни,фер и демократски избори, на коишто граѓаните непречено и слободно ќе можат да ја изразат својата изборна волја, се вели во соопштението од МВР.

 Инаку, по СВР Велес дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Петровска денеска ги посети и полициските организациони единици во Чашка, Демир Капија, Неготино и Кавадарци, каде што во разговорите со полициските раководители исто така теми ќе бидат безбедносните состојби и подготовките за изборниот процес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2020 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега