Повреден рудар во Пробиштип

Повреден е 52 годишен рудар изутрина во рудникот за олово и цинк „Булмак“ во Пробиштип.

Рударот е со полесни повреди и е испратен на домашно лекување.

Портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Гордана Панајотова информира дека изутрината во 8 часот во Полициската станица во Пробиштип од Итната медицинска помош пријавиле дека во 6.20 часот на укажување на лекарска помош е донесен С.Ѓ од селото Филиповци, Општина Картово, а кој при работа во рудникот во Пробиштип се здобил со повреда. Извшен е увид од страна на надлежните институции и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА вели дека пациентот е донесен во болницата, го прегледал ортопед и утврдени му се полесни повреди. Пациентот со лангета е испратен на домашно лекување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2020 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега