Филипче: Влошена состојбата на пациентката од Дебар, 15-годишно момче едно од заразените со коронавирус
Во овој момент ги очекуваме од Дебар да пристигнат новодијагностицираните 4 пациенти. На клиника се уште се уште се оние кои беа вчера. Првозаразената пациентка во понеделник ќе биде испишана и пуштена на домашно лекување, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
„Дополнително се влоши состојбата на првата пациентка од Дебар, ставена е на машина со мехачничка вентилација. 15-годишно момче е едно од новозразените од Дебар.
Во овој момент се тестираат 7 лица, 6 се од Дебар.Една пациентка од Скопје, 7 од Дебар двајца првите сопружници, три плус двајца во врска со втората група на контакти меѓу членови од семејството и четворицата коишто сега ги очекуваме да стигнат од Дебар. Вкупната бројка на дијагностицирани, заболени е12.
Во моментов за коронавирус се тестираат седум лица, шест од Дебар и еден странец за кој тестирањето е преку Центарот за јавно здравје во Битола. Ќе бидат тестирани уште две лица кои биле во Шпанија и се пријавиле дека имаат покачена телесна температура.
Во Дебар болницата е организирана така што епидемилогот, инфектолози се на располагање за сите пациенти од овој регион. Ќе работат во една или две смени. Ќе бидат на повик континуирано. Одговорно лице за организацијата е директорот на дебарската болница. Има посебно одделение со посебен влез каде се упатуваат сите пациенти кои ќе имаат симптоми слични на грип“, кажа Филипче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа