Филипче: Немам информација дека во аптеките има недостаток на средства за дезинфекција

Ги чекаме резултатите на четирите пациенти од вчера, а од нив едно лице е 15 годишно момче со лесна форма на болест. Од денеска се тестираат уште 7 лица, од кои шестмина се од Дебар. Од тие шестмина, четворица имале директен контакт на заболените. Брисеви се земени и од епидемиологот и техничарот. Уште едно лице странски државјанин од Битола утрово се јави за тест.  Двајца македонски државјани, дојдени од Шпанија, македонски дрќавјани, утрово се јавиле на преглед заради покачена температура, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Наоправивме неколку постапки за набавка на овие антибактериски материјали, што ни укажа дека недостаток во аптеките нема. Немам информација дека во аптеките има недостаток. Знаевме за недостигот на медицинскиот алкохол заради таа административна нова процедура воведена после Нова Година, поради тоа се трошеа залихите. Дозволете да проверам па да излеземе со информација, кажа Филипче.

Бројката за наши граѓани во Италија е тешко да се знае. Од тоа што го знаеме до комуникацијата на нашите луѓе со него е дека таму се почитување за незилегување и влегување. Најбитно е сите што доаѓаат во критичните земји, да ги почитуваат мерките. Тоа е суштината. Кога ќе дојдат тука мора да се почитува тоа што ние го пропишуваме.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2020 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега