Прилепската болница строго ги контролира влезовите, има и превентивна соба за изолација

Строго се контролираат влезовите во прилепската болница, а болницата има доволно средства и е подготвена со соба за изолација за евентуален сомнеж од појава на корона вирус ,иако моментално нема ниту еден позитивен случај. Ова денеска го изјави Драган Богоески, директор на прилепската градска болница.

Според Богоески, здравствените установи се координираат, а болницата ги презема сите мерки за заштита на персоналот и на пациентите.

-Строга е контролата на влезовите на пациенти и посетители. На вработените им асистираат и од приелпската полиција. Апелираме до старите лица и хроничните да седат дома и доколку немаат итн апотреба да не доаѓаат во болницата. Главно да се комуницира по телефон, рече Богоески.

Болницата е подготвена со мерки при евентуална потреба од изолација. Има подготвено соба за изолација.

-Непосредно до инфективното одделение имаме соба за изолација доколку е потребно изолирање на граѓани кај кои треба да се испитаат евентуални симптоми. До овој момент немаме во градот заразени лица со корона вирус, рече Богоески.

Болницата е снабдена, смета Богоески со доволно заштитни средства.

-Имаме над 2000 маски, заштитини облеки, заштитни наочари и визири и доволно дезинфекциони средства, рече Богоески.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2020 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега