Филипче: Формиран владин кризен штаб

 Министерот за здравство Венко Филипче вечерва на прес – конференција информира дека денеска биле тестирани 12 лица од коронавирс, од кои шестмина се позитивни. Пет лица се од Дебар, а една пациентка пристигнала од Шпанија.

Во нашата земја, како што додаде, сега има вкупно 18 пациенти дијагностицирани со оваа болест.

-Петте новозаболени пациенти се во болницата во Дебар и таму ќе се лекуваат. Таму има кадар, епидемиолог и двајца инфектолози кои што може да ги лекува овие пациенти, рече Филипче, и додаде дека сите се со лесна клиничка слика, налик настинка.

Министерот Филипче информираше дека Владата формирала Кризен штаб со кој ќе раководи техничкиот премиер, Оливер Спасовски, а ќе го сочинуваат министерот за здравство, за одбрана, за внатрешни работи, за транспорт и врски, за финансии, за образование и наука, надворешни работи, директорот на Центарот за управување со кризи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Кризниот штаб ќе се состанува на дневна основа претпладне во просториите на Вкадата, веднаш по состанокот на Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2020 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега