Затворен аеродромот во Охрид, ТАВ Македонија со поддршка на владините мерки за коронавирусот

Согласно одлуката на Владата на Република Македонија донесена на синоќешната седница за затворање на аеродромот „Свети Апостол Павле Охрид“ од ТАВ Македонија информираат дека одлучиле да го затвори аеродромот во Охрид почнувајќи од полноќ на 15.3.2020 година, со цел да ги поддржи владините напори за спречување на ширење на коронавирусот.

-Како аеродромски оператор, за оваа одлука ги известивме сите авиокомпании кои летаат од/до аеродромот „Св. Апостол Павле“ и им го понудивме Меѓународниот Аеродром Скопје како опција за пренасочување на нивните летови. За информации во врска со утрешните летови кои требаше да се реализираат од Охридскиот аеродром, од следните дестинации, времиња на пристигнување и авиокомпании:

Виена – 7 часот и 50 минути -Визер

Цирих – 8 часот и 55 минути – Еделвајс

Малме – 17 часот и 35 минути – Визер

Базел – 18 часот и 30 минути – Визер

ги замолуваме сите патници да ги контактираат нивните авиокомпании, се наведува во соопштението од ТАВ Македонија. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2020 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега