Филипче сподели дел од креативните пораки кои ги добива до граѓаните: Да се седи дома значи да се биде креативен.

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави повеќе креативни постери како поттик за почитување на мерките со цел спречување на ширењето на корона вирусот.

-Да се седи дома значи да се биде креативен. Ова се дел од креативните постери кои учествуваат во поттикот за почитување на мерките со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Благодарни сме за поддршката. Споделете, тагирајте, постирајте!, напиша министерот Филипче.

Серија мерки се преземени во изминатите денови за спречување на ширење на коронавирусот во Македонија.

Досега има 18 евидентирани случаи на коронавирусот во Северна Македонија, а многумина се во самоизолација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2020 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега