Општина Куманово воведе асистенција за болните и немоќните кумановци

 Општина Куманово од денеска им нуди асистенција на болните и немоќните граѓани за набавка на намирници и лекови, соопштија надлежните од Општината.

– Поради ситуацијата со коронавирусот во државата, од денеска, 15 март, Општина Куманово воведува услуга за асистенција на болни и изнемоштени граѓани. Овие категории на лица ќе можат да се јавуваат на телефоните 075 207 126 и 077 719 494, по што од страна на лице од општината ќе им бидат набавени и доставени бараните производи и лекови, за кои самите граѓани ќе си ги покријат трошоците, информираат од Општина Куманово.

Оттаму појаснуваат дека граѓаните можат да контактираат преку наведените броеви, по што вработени од Општината, почитувајќи ги препораките (носејќи ракавици, маска, дезинфекциски средства) ќе отидат кај граѓаните, ќе го земат списокот за барани намирници и лекови, ќе пазарат во најблискиот маркет или аптека и со фискална сметка ќе им ги достават на граѓаните.

Од Општината уште еднаш апелираа до граѓаните да ги почитуваат препораките и законските одредби на Владата, како и препораките дадени од Општината, да се однесувааат одговорно кон своето здравје и кон здравјето на сите во заедницата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2020 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега