Филипче: Состојбата на заразените со коронавирус е стабилна, се тестираат нови 7 лица

Сите 13 пациенти коишто се сместени во клиниките се во стабилна состојба, идентична на таа што беше во текот на вчерашниот ден, само една, првата пациентка, една од сопружниците од Дебар е на распираторна машина со значајно подобрување на параметрите но со се уште непредвидлива прогноза, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„Сите други пациенти се со лесна клиничка слика, вклучувајчи го и  15-годишниот, сите сместени во одделот на изолација.

Имаме 7 нови материјали коишто се работат, пациенти од Куманово, Кичево, Тетово и Охрид. Дел од нив престојувале во Германија и Швајцарија и во текот на денот ќе бидат готови нивните резултати. Од Охрид еден пациент и две трудници коишто вчера се донесени од Дебар. Една е во болницата во Охрид и другата во Скопје, тие се во стабилна состојба, не се пред породување“, кажа министерот.

Тој додаде дека во државата има околу 120 респираторни машини, близу 90 во Скопје.

„Во разговор со претставниците на МВР безбедносната состојба во Дебар и Центар Жупа е стабилна. Нема нарушување на ред и мир, нема регистрирано никакви деликти. Полицајците вршеа обиколка, контрола на сите угоститлски и други објекти со цел овие мерки доследно да се спроведуваат“, информираше Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2020 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега