Општина Битола формира координативна група за мерки против Ковид-19

Општина Битола формира координативна група која континуирано ги следи состојбите поврзани со Ковид-19.

Во групата се градоначалничката Наташа Петровска, директорката на Клиничка болница Битола Билјана Гагачова, директорката на Центарот за јавно здравје Елизабета Крстева и директорката на Домот за народно здравје „Хаим Абраванел“, Весна Спирковска.

Покрај локалното делување на работната група за спроведување на мерки за превенција-болест COVID 19 (коронавирус),  Општина Битола презеде активности поврзани со јавниот сообраќајот и зголемената хигиена во сите општински установи,

Од тамошната локална самоуправа апелираат до сите добронамерници, да не настапуваат волунтаристички, односно неорганизирано и да не ја искористуваат ваквата состојба за популизам. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2020 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа