ДИК: Не сме побарале и препорачале одложување на изборите

Во врска со објавите и насловите на прилозите на некои од медиумите од денешната седница, Државната изборна комисија појаснува дека не одлучувала, не побарала и не препорачала одложување на изборите, ниту има право на тоа, информираат од Државната изборна комисија.

„Напротив, Комисијата истакна дека работи според Законот и Роковникот и навремено ги презема сите дејствија во насока на организација на изборите и дека ќе се прилагоди и ќе ја почитува секоја одлука на надлежните институции во врска со актуелната ситуација“, стои во соопштението на ДИК.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2020 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега