МТСП: Се одложува реализацијата на проектот бањско-климатската рекреација

Согласно мерките за спречување на ширењето и сузбивањето на корона вирус инфекцијата, Министерството за труд и социјална политика информира дека реализацијата и спроведувањето на Проектот бањско – климатска рекреација се одложува, односно нема да се реализира во одредениот термин.

-За повторно упатување за користење на услугата, корисниците навремено и дополнително ќе бидат известени од страна на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија,  информираат од Министерство за труд и социјална политика.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2020 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа