Пробиштип формираше мобилни тимови за старите и изнемоштени лица

 Општина Пробиштип во соработка со Советот на млади во општината, формираше мобилни тимови за помош на сите стари и изнемоштени лица, информираше денеска градоначалникот Драган Анастасов.  

–Сите граѓани од наведената категорија кои имаат потреба од набавка на потребните лекарства, прехрамбени продукти и средства за хигиена, со цел да не излегуваат надвор и да не остваруваат непосреден контакт со други лица, при што би се изложиле на опасност за заразување со Ковид-19 (коронавирус), ќе можат да ги контактираат мобилните тимови во секое време од денот во текот на цела недела, за да ги направат потребните набавки за нив, вели Анастасов.

На социјалните мрежи на профилот на градоначалникот, Анастасов оставени се и мобилни телефони, на коишто граѓаните можат да се јавуваат. Забележува дека општината нема да да дозволи во  оваа вонредна околност да ги погоди најранливите. Јавното здравје е заедничка одговорност! 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2020 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега