Филипче: Се мобилизира целиот медицински персонал

Сите 13 пациенти на Клиниката за инфективни болести се во стабилна состојба идентична на вчерашниот ден. Само една пациентка од Дебар е на респираторна машина со значително подобрување на параметрите, но сè уште со непредвидлива прогноза. Сите други вклучително и 15-годишното дете се со лесна клиничка слика и се сместени во одделот за изолација, изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Информираше дека има седум нови материјали кои се работат за пациенти од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид – Швајцарија, Австрија и Германија.

– После неколку дена од враќањето развиле висока температура и се наоѓаат во одделите за изолација и во текот на денот ќе бидат готови резултатите, изјави Филипче.

Нагласи дека еден пациент и две родилки во Охрид, кои што, вчера се донесени од Дебар се во стабилна состојба и се во оддел за изолација и се прават сите неопходно испитувања и подготовки за потребната постапка.

Тој истакна дека е донесена одлука да се мобилизира целиот медицински персонал, во насока на справување со корона вирусот.

 

-Целиот медицински персонал, не само во јавните, туку и во приватните установи, ги мобилизираме и ставаме на располагање согласно нашиот оперативен план за делување во установите каде што ќе биде потребно, рече Филипче, кој се заблагодари на приватните болници кои на располагање ги понудиле своите капацитети.

Филипче додаде и дека во насока на превенција, Клиниките нема да ги оддржуваат своите утрински стручни колегиуми, а се одложуваат и сите интервенции кои може да се одложат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2020 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега