Детектор анкета: Граѓаните бараат новата влада да го стави фокусот на зголемување на платите

Најголемиот дел од граѓаните бараат фокусот на новата влада да биде ставен на економијата, покажува најновото истражување на јавното мислење кое по нарачка на Детектор го направи Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, дури 40,5% од анкетираните сметаат дека новата влада треба да биде ставен на економијата, односно на зголемување на платите и пензиите, отворање на нови работни места и раст на животниот стандард.
Далеку зад економијата граѓаните како приоритет го ставаат здравството со 6,9%. Судството и правдата дека треба да бидат приоритет сметаат 6,9% од граѓаните, а 4% сметаат дека приоритет треба да биде образованието. Останатите приоритети кои беа поставени како прашања имаат помала поддршка од 3%.
Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје преку телефонска анкета во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врз репрезентативен примерок од 1104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2020 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега