Детектор: 84% од граѓаните бараат да не застаруваат кривичните дела на политичарите

Огромно мнозинство граѓани бараат да не застаруваат кривичните дела на политичарите поврзани со корупција. Според последната анкета на Детектор, подготвена од Институтот за политички истражувања Скопје, 84% од граѓаните ја поддржуваат идејата кривичните дела на политичарите, поврзани со корупција да не застаруваат, додека само 5,6% се против. 

Повеќе од половината или 57,1% поддржуваат во случаите со корупција предметите да ги води странски јавен обвинител додека 27,3% се против.
Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје преку телефонска анкета во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врз репрезентативен примерок од 1104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2020 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега