Детектор: Граѓаните сметаат дека Македонија напредува на полето на надворешната политика

Мнозинството граѓани сметаат дека Македонија напредува на полето на надворешната политика, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. 

Според него, 37,9% од граѓаните сметаат дека состојбите во надворешната политика на Македонија напредуваат. 35,1% се убедени во спротивното односно се на ставот дека состојбите во надворешната политика во Македонија назадуваат. 16,4% од анкетираните граѓани за Детектор велат дека нема некои промени, односно состојбата во надворешната политика е иста како и претходно.

Анкетата на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје од 10 до 13 февруари оваа година врз репрезентативен примерок од 1104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2020 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега