Детектор: Над половина од граѓаните сметаат дека македонското здравство станува се’ полошо

Се полоши стануваат состојбите во македонското здравство, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 55,3% од анкетираните велат дека состојбите во здравството во Македонија назадуваат. 20,9% се на ставот дека нема некои промени односно дека состојбите се исти како и порано, додека 17,5% гледаат напредок.
Близу две третини од граѓаните поддржуваат да се воведе можност за дополнително здравствено осигурување кое ќе овозможи и лекување во приватни болници. Ваков став дела 72,2% од анкетираните додека 14% се против.
Анкетата на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје, врз репрезентативен примерок од 1104 испитаници во периодот од 10 до 13 февруари оваа година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2020 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега