Детектор: 82% од граѓаните бараат поголеми субвенции за трето дете

Осум од десет граѓани сметаат дека државата треба да дава поголеми субвенции за семејствата кои што ќе добијат трето дете, покажува најновата анкета која по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа, 82% од граѓаните поддржуваат зголемување на субвенциите за трето дете, додека само 9% се против.
Огромен процент граѓани поддржуваат и зголемување на породилното отсуство. Дури 81% сметаат дека породилното отсуство треба да трае подолго додека само 9,3% се против.
Малку повеќе од една третина од граѓаните или 37,8% сметаат дека состојбите во социјалната политика во Македонија назадуваат. 27,6% гледаат напредок а 23,8% не гледаат никакви промени.

Анкетата на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје од 10 до 13 февруари оваа година врз репрезентативен примерок од 1104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2020 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега