Детектор: Близу половина од граѓаните бараат забрана за увоз на половни дизел автомобили

Граѓаните се поделени околу идејата за забрана за увоз на половни дизел автомобили, но сепак, мнозинството ја дава поддршката, покажува последната анкета објавена во емисијата Детектор, а подготвена од Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа, 43,5% би поддржале забрана за увоз на половни дизел автомобили додека 42% се против.
Во насока на подобрување на квалитетот на воздухот, 43,4% од граѓани даваат поддршка за забрана за греење на дрва и нафта заедно со субвенции за еколошко греење, но сепак, поголемиот дел од 45% се против оваа идеја.
Близу половина од граѓаните или 49,5% сметаат дека состојбата со животната средина во Македонија се влошува, 28,4% сметаат дека нема некои промени во споредба со претходните години, додека 16% гледаа подобрување.
Анкетата на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје од 10 до 13 февруари оваа година врз репрезентативен примерок од 1104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2020 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега