Филипче: Верувам дека нема да ни се случи сценарио кое нема да можеме да го контролираме

Поради потребата од користење на респираторни машини, министерот Филипче потврди дека ќе се врши преобука на кадарот, како и дека истиот ќе се штеди.

-Тоа што веќе се направи е распоред на докторите анестезиолози, кои знаат да ракуваат со овие машини. Ќе ротираат во места кои претходно ги одредивме кај ќе се третираат пациенти,со цел да спласне притисокот и да се штеди кадарот. Ако во некоја институција се најде заразен целиот персонал оди во изолација. Од денес се редуцирани оперативните интервенцииза да се штеди кадарот и крвта, редуцирани се и крводарителските акции. Нема да има интервенции кои може да се одложат. Нема повеќе утрински стручни состаноци, со цел да се редуцира физичкиот контакт, телефонски ќе се зборува. Еден доктор може да биде одговорен за повеќе пациенти. Тоа што почнува да се прави е тренинг на медицински сестри кои треба да работат на интензивна нега. Тие што беа примени изминатите две години, ставени се во функција да работат на обични одделениија, а на поискусните им треба мала едукација за интензивните одделенија. Една од одличните придобивки на ова е всушност координацијата на сите сектори. На почетокот е предизвик, кој со кого ќе комуницира. Сега точно знаеме. Кога ќе се јави патник или пациент точно се знае како ќе се постапи. Тоа е огромна придобивка, изјави министерот за здравство Венко Филипче во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Тој јавно се заблагодари и на волонтерите и поддршката од Црвениот крст.

-Соработката со Црвениот крст се одвиваше одлично и многу помогнаа во даден момент и се уште се вклучени во поддршка на пограничните премини, на докторите епидемиолози. Сакам јавно да се заблагодарам. Тие беа и присутни и ги водеа овие влезни излезни позиции во однос на бегалците. Луѓето ја знаат работата, знаат за што станува збор, веќе имале искуство за сите протоколи со бегалците, изјави Филипче.

ДУИ излезе со предлог нивни членови да помогнат во кризните подрачја, но ваков тип на акција може да предизвика ситуацијата полесно да излезе од контрола.

-Јасни се препораките во рамките накризното подрачје во однос на оперативниот план усвоен преку Центарот за управување со кризи. Има протокол, алгоритам на работа. Се знае како се влегува во зоната, како се дезинфицираат возилата, како се облечени луѓето. Замислите да имате необучени луѓе кои несоодветно постапуваат. Само поголеа беља ќе биде тоа. Таму има стручни лица Сите тие се уходани знаат што прават, вели министерот.

Тој избегува да дава прогнози, но сепак луѓето треба да сфатат дека се работи за криза која може да потрае неколку месеци.

– Колку повеќе се придржуваат до мерките, толку поблаг ќе биде пикот на болеста и здравствениот систем ќе може да го издржи. Ние не може да предвидиме. Сите мерки што ги правиме е за бројот на заболени да биде што помал. Верувам со сите мерки дека сме спремни особено со планот на ротација на кадарот, со опрема, материјали дека нема да ни се случи сценарио кое нема да може да го контролираме, кажа Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа