Ајровски за ситуацијата во Дебар и Центар Жупа: Населението строго ги почитува мерките, снабденоста на маркетите е редовна

Во Центар Жупа и Дебар е тешко, но под контрола, бројот на заболени е 16 лица, а изолирани се 47. Формиран е Кризен штаб кој ги презема сите мерки согласно планот донесен од главниот штаб за управување со кризи, кажа Феми Ајровски, раководител на Центарот за управување со кризи од кризното подрачје во Дебаре во телефонско јавување во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

-Населението строго ги почитува мерките на Вадата за движење и е сведено на итни потреби. Затекнатите 82 лица меѓу кои и странски државјани сместеи се во хотели, снабденоста на маркетите е редовна. Се работи според процедурите за управување со кризна состојба и професонално ја менаџираме ситуацијата со поддршка на локалните единици и другите субјекти за управување со кризи, рече Ајровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега