МЗ: Првата заразена пациентка со коронавирус заминува на домашно лекување - се тестираат нови три лица

Министерството за здравство информира дека првата пациентка со корона вирус денеска заминува на домашно лекување. Таа беше по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот, нејзините тестови се негативни на коронавирирусот и таа добро се чувствува.

„Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Стабилни се и 5-те пациенти во Дебар.

Во текот на ноќта нема нови лица тестирани на корона вирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар, сите тројца контакти на претходно заболените. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче утрово одржа редовен состанок со Комисијата за заразни болести, на која се разговараше за состојбата со овој вирус во земјава. Во моментов, се одржува состанок со кризниот штаб во Владата на Република Македонија“, информираат од министерството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега