Чулев: Голема благодарност до моите колеги, полицајци, кои во оваа пандемија совесно и доследно ги извршуваат сите задачи

Како министер за внатрешни работи но и како граѓанин сакам јавно и на овој начин да упатам голема благодарност до сите мои колеги, полициски службеници, кои што во оваа актуелна и серозна состојба на глобална пандемија, крајно одговорно, совесно и доследно ги извршуваат сите зададени задачи и насоки за дејствување во кризна состојба, давајќи огромен допринос во реализација на сите мерки за здравствена превенција на нашите граѓани, напиша министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот Фејсбук профил.

„Таквата посветеност, па дури и жртва импонира. Горд сум на моите колеги исто како и на сите мои сограѓани за свесноста за моментот, за кооперативноста, за разбирањето и подготвеноста да се делува“, напиша Чулев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега