ЈПДП: Активности за заштита и учесниците во сообраќај и вработените на патарините

Намален е интензитетот на сообраќај низ државните патишта, според последните анализи на наплатните станици низ државата, за чии вработени, како и за сите учесници во сообраќајот, надлежното Јавно претпријатие за државни патишта (ЈПДП) презема мерки за заштита и безбедност со оглед на состојбата со коронавирусот.

– ЈПДП информира дека согласно со препораките и мерките на Владата презеде активности за заштита и безбеденост на учесниците во сообраќајот на државните патишта, како и за вработените на наплатните пунктови. Обезбедени се поголема количина маски, ракавици и антибактериски средства сѐ со цел да се заштитат вработените и патниците коишто поминуваат на наплатните рампи. Според последните анализи, пак, направени во текот на вчерашниот ден од страна на наплатната служба, интензитетот на сообраќајот е намален, соопшти денеска ЈПДП.

Оттаму апелираат до сите учесниците во сообраќајот на државните патишта во Републикава да бидат максимално одговорни и да се придржуваат до препораките и мерките на надлежните институции.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега