Заев: Мерките што ги преземаме предничат пред мерките во земјите од соседството

 
Јас оставам на Владата да оцени дали ќе прогласи вонредна состојба. Сите мерки  кои што се преземени кај нас дури и предничат од оние земји каде што има прогласено вонредна состојба, но вонредната состојба некој пат се прогласува и заради алатка за менаџирање на ситуациите. Пред сé мислам на здравствените аспекти. Така што верувам дека Владата ќе ги има предвид сите тие аспекти, кажа лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција.
„Јас работам и координирам со нашите политички претставници во Владата. Денеска имаме координативен состанок, вечерта имаме уште една координација. Овој целиот период помагам ресурсно и јас со многу експерти околу економските мерки, како што реков.
Верувам дека потпретседателката на Владата, министерката за финансии, министерот за економија, гувернерката, сите заедно во многу брзо време ќе ги  објават самите мерки. Се прават конечни анализи, но не случајно земјите околу нас прогласија вонредна состојба, и Албанија и Косово и Србија и Грција. Гледам веројатно и ние ќе се движиме кон тоа, како посериозна алатка за полесно и поуспешно менаџирање на ваква криза предизвикана од корона вирусот“, кажа Заев.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега