Филипче: Не се тестирајте со алтернативни начини, не се сите со висок степен на точност

До денеска ниту еден од изолираните лица коишто биле во контакт со заболената директорка на Клиниката за кожни болести нема пројавено симптоми на коронавирус, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

– Не се тестирајте со алтернативни начини на тестирање. Не сите се со висок степен на точност. Доволно е граѓаните да се свесни да пријават дека постои здравствена потреба, а епидемиолозите нека кажат дали треба или не да се прави тестот согласно податоци, историјата на болеста, состојбата и тн. – одговори Филипче на новинарско прашање во врска со појавата на разни понуди за тестирања за присуство на коронавирус.

Тој најави и дека ќе се ослободува од работа и по еден родител на децата со цистична фиброза.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега