Пендаровски за утре закажа лидерска средба за одложување на изборите

Претседателот на државата Стево Пендаровски на својот профил на Твитер најави дека за утре е закажана средба со лидерите на политичките партии, на која ќе присуствуваат и премиерот Оливер Спасовски и претседателот на Собранието Талат Џафери.

„Утре во Вила Водно (17.03.2020) ќе бидам домаќин на средба на лидерите на парламентарните политички партии во земјава, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Беса, Алтернатива и Алијанса за Албанците. Лидерската средба ја свикав со една точка на дневниот ред – можност за одложување на парламентарните избори закажани на 12 април 2020, датум кој беше договорен од страна на лидерите на партиите на средбата која ја организирав во октомври 2019 година по Европскиот совет.

На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски“-соопшти Кабинетот на Претседателот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега