Градоначалникот на Неготино: Пријавете ги во полиција сите кои наместо во самоизолација, шетаат низ градот

Во Општина Неготино се одржа координативен состанок за почитување на мерките и препораките за заштита и превенција од корона вирусот во општината.

 

Како што информираше градоначалникот Тони Делков, граѓаните треба да се придржуваат до мерките. Формиран е мобилен тим за помош којшто за постарите лица ќе врши набавка и достава на храна и лекови, пренесува Фокус.

Компаниите треба да користат средства за дезинфекција, а родителите во координација со надлежните од училиштата да апелираат на изолација во домашни услови на учениците. Според информации кои ги добивме од надлежните во полицијата, редовно се патролира на местата познати како збиралишта на младите, како што се Спомен Костурницата, бензински станици, паркови и слично.

-Лица кои доаѓаат од критичните подрачја, а не се самоизолираат, граѓаните можат да ги пријават на телефонските броеви на МВР, односно на 192 или на 043 361 014 – порача Делков.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега