Македонскиот полициски синдикат очекува потпишување на меморандумот за платите на лицата со посебни должности во МВР

Македонскиот полициски синдикат им заблагодарува на вработените во МВР што заедно со медицинските лица, Армијата, центрите за справување со кризи и сите други стручни лица, несебично вложуваат натчовечки напори за да ја одржат ситуацијата со ширењето на корона вирусот под контрола.

Синдикатот изразува надеж дека Владата ќе знае да го вреднува трудот и саможртвата на вработените во МВР и очекува во најскоро време со Министерството да го потпише меморандумот за усогласувањето на платите на лицата со посебни должности и овластувања во МВР со нивно активно зголемување од најмалку 10 отсто.

-Почитувани колеги, уште еднаш покажувате на дело како се сака Татковината и како се почитува униформата што ја носите. Исправени гордо пред предизвикот на браникот на нашата држава ја манифестирате Вашата човечност и саможртва кои ќе останат пример за идните генерации, пример за тоа како се сака и почитува својата татковина. Во време на бројни предизвици со кои секојдневно се соочувате, во минатото, но, и денес, многу пати сте помогнале да се избегнат човечки жртви и лични или семејни трагедии. Затоа, бидете горди што токму во вас, полицајците, граѓаните во овие тешки моменти гледаат институција на која може да се потпрат, служба која деноноќно е гарант на нивната безбедност, наведува Синдикатот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега