МТСП: Центрите за социјални работи ќе постапуваат за продолжување на правото за родителски додаток

Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на правото на родителски додаток за дете (трето и четврто дете), кои сè уште немаат поднесено барање за продолжување на правото, дека постапката по службена должност ќе ја поведе надлежниот центар за социјална работа поради заштита на јавниот интерес и здравјето на граѓаните и согласно со владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Согласно со Законот за заштита на децата, барањето за продолжување на правото на родителски додаток за дете треба да се поднесе до 31 март 2020 година.

– По завршувањето на мерките потребно е корисниците во рок од 15 дена до центрите да ја достават потребната документација, за што ќе бидат и дополнително известени од страна на центрите, соопшти МТСП. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега