Поради одрони од карпа од синоќа во прекин железничкиот сообраќај меѓу Велес и Битола

Железничкиот сообраќај од Велес кон Битола и обратно од синоќа е во прекин поради одрони од карпа на пругата меѓу станиците Стари Град и Мартолци, потврдија од велешката Железничка станица.

Како што информираат за МИА од јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“, на местото на настанот со две машини од утрово работат нивни екипи и најавуваат дека за два дена карпата ќе биде отстранета и пругата повторно оспособена за сообраќај.

Од јавното претпријатие „МЖ Транспорт“ информираат дека поради оваа ситуација, возовите од Велес до Битола и обратно се во прекин, а патничките возови од Скопје за Битола ќе сообраќаат до Велес и обратно, освен утринскиот воз кој од Скопје за Велес тргнува во 6:54 часот.

– Возот од Скопје за Гевгелија кој тргнува во 6:23 часот ќе поаѓа 30 минути подоцна и ќе сообраќа само до Велес, информираат од „МЖ Транспорт“. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега